Остранете ги маснотиите од стомакот со кумин

Многу луѓе се мачат да ги отстранат масните наслаги на стомакот. Покрај режимот на исхрана и зголемената физичката активност во текот на денот, експертите препорачуваат да внесете кумин во исхраната. Доволно е да додадете една лажичка од овој зачин во секое јадење и да го конзумирате секојдневно, а резултатите ќе бидат видливи по две недели.

Куминот потекнува од Египет и го нарекуваат „чудесен зачин“. Може да се купи во речиси секоја продавница за здрава храна. Тој помага за брзо закрепнување на имунолошкиот систем, а го зајакнува и го забрзува метаболизмот.

Куминот има и лековити својства – содржи витамини А, Б, Ц, Д, Е, К, но и минералите калциум, железо, магнезиум, фосфор, цинк, манган, калиум и натриум.

Куминот помага во борбата против акни, алергии и астми, надуен стомак, целулит, болки во зглобовите, недостаток на концентрација, камен во бубрегот, делумна импотенција, тешки облици на неплодност, запаление на непца, дијабетес, епилепсија, очни болести, хемороиди и вртоглавици.

Scroll to Top