Осум начини да слабеете додека спиете

 

Сите ќе се согласиме дека редовното вежбање е најдобриот начин да загубиме тежина и да го зачуваме здравјето. Но, постојат и многу други методи кои, иако се побавни, даваат многу добри резултати.

Порталот Bright side открива осум начини како да загубите килограми додека спиете.

 

Консумирајте протеински пијалаци пред спиење

Пијте пијалаци кои содржат 30 грама протеини пред да одите на спиење. Истражувањата докажаа дека тоа помага да го зголемите бројот на калории кои телото ги согорува додека се одмора. Протеинот исто така содржи состојки кои помагаат при заздравување на мускулите, што значи дека колку повеќе мускулна маса имате, толку повеќе калории ќе согорите додека се одморате.

 

Мала вечера

Избегнувајте ги огромните оброци навечер, посебно оние пред самото спиење. При длабок сон нашиот мозок емитира хормон на раст. Ако јадете доцна навечер, хормонот на раст ја складира храната во масти.

 

Избегнувајте алкохол

Пиењето алкохолни пијалаци пред спиење ја намалува количината на време што ја поминуваме во најважната фаза од сонот, фазата REM во која телото согорува најмногу калории. Чашка вино пред спиење е во ред, но запеметете дека не е паметно да пиете алкохол до три часа пред да одите на спиење.

 

Одредете си го времето за спиење

Оптималниот број  часови за спиење е од 7 до 8 часа, што е посебно важно за нашето здравје, но и му помага на телото да согори што повеќе масти. Истражување објавено во American journal of clinical nutrition открива дека луѓето кои биле добро одморени согориле 20 отсто повеќе калории по јадење, во однос на оние кои не спиеле според препорачаното време.

 

Не вежбајте пред спиење

Вежбите го будат нашето тело и со тоа ни отежнуваат да постигнеме добар сон во текот на ноќта. Најдобро е да вежбате наутро бидејќи со тоа ќе се крене вашето ниво на енергија. Во случај да не можете да вежбате во утринските часови, немојте да одите на тренинг четири часа пред заминување во кревет.

Исклучите ги сите електронски уреди во спалната соба

Научници од универзитетот во Сингапур открија дека долгото гледање телевизија предизвикува зголемување на нивото на триглицериди (поврзани со дијабетес) и намалување на нивото на лептин (протеински хормон кој учествува во регулацијата на внесување и трошење нергија, преку зголемување на апетитот и метаболизмот).

 

Намалете ја температурата во собата во која спиете

Едно истражување покажа дека луѓето кои спиеле во соба со температура од 18 степени Целзиусови загубиле 75 калории повеќе од оние кои спиеле во потопли соби.

 

Спијте голи

Иако можеби звучи чудно, спиењето без облека на себе има многу предности кога е слабеењето во прашање. Ако сте премногу покриени, во текот на спиењето вашето тело ќе стане премногу топло. Некои истражувања покажаа дека тоа може да има свое влијание и на килограмите. Ако сакате да загубите килограми, подобро е да спиете што „поослободени“.

Scroll to Top