Палмино масло: дали е здраво или штетно?

Ви откриваме разни факти!

Погледнете ги состојките на пакувањето од шампонот, пастата за заби или путерот од кикирики – таму најверојатно ќе го пронајдете палминото масло (кое е можно е да се крие под различни изрази).

Се чини дека секаде постои спорното масло, поради кое се запрашавме: дали палминото масло навистина е така лошо?

Да видиме…

Што е палмино масло?

Палминото масло е вид на билно масло кое може да се јаде и е издвоено од плодовите на палмата која успева во топлите, тропски прашуми. Дури 85% од понудата на палминото масло доаѓаат од Индонезија и Малезија. Меѓутоа, постојат два вида на масло: сирово палмино масло (кое се прави со пресување на плодовите) и масло од палминото јадро (кое настанува при ситнење на зрната). Палминото масло може да се препознае под палминото масло или под еден од околу 200 други алтернативни имиња, како што се: палмат, палмолеин и натриум лаурил сулфат.

Каде сè може да се најде?

Палминото масло најчесто се наоѓа во храната и козметичките производи. Тоа често се наоѓа во намирниците како што се инстант тестенините, маргаринот, сладоледот и путерот од кикирики, како и во козметичките производи како што се шампоните и кармините. Се користи за подобрување на текстурата и вкусот, спречува топење и го продолжува рокот на траење. Исто така е без мирис и без боја, што значи дека нема да ги промени производите во кои се додава.

Дали е лошо за нашето здравје?

Прво да ги испитаме прехранбените факти: Една лажица (14 грама) палмино масло содржи 114 калории и 14 грама масти (7 грама заситени масти, 5 грама незаситени масти и 1,5 грама полинезаситени масти). Исти така содржи 11% од препорачаниот дневен внес на витаминот Е. Витаминот Е кој се наоѓа во палминото масло се нарекува и токотриеноли и има силна антиоксидантна корист која може да го поддржи здравјето на мозокот. Иако палминото масло не содржи транс масти, сепак содржи многу заситени масти, што значи дека може да го подигне нивото на нездравиот холестерол и триглицериди, што ја зголемува веројатноста за појава на срцеви болести.

Воглавном, палминото масло е поздраво од некои масти за готвење, но не е здраво како маслиновото, кокосовото и лененото масло.

Scroll to Top