Пијте кафе, добро е за бубрезите 

Истражување спроведено на 2 300 пациенти со хронични бубрежни заболувања покажа дека кофеинот го намалува ризикот од смрт.

Се покажа дека пациентите кои консумирале најмногу кофеин имале 24 отсто помалку шанси за смрт, објавија португалските научници од Centro Hospitalar Lisboa Norte.

Кај учесниците на истражувањето кои внесувале малку или ни малку кофеин не е воочено намалување на ризикот од смрт. Намалување на ризикот од смрт кое пропорционално го следело зголеменото консумирање кофеин не било поврзано со фактори како возраст, пол, етничко потекло, приходи, степен на образование, пушење, холестерол, телесна маса или прехрана.

Scroll to Top