Повеќето луѓе на почетокот на пролетта чувствуваат замор, намалена концентрација, сонливост, исцрпеност, вртоглавици, мачнини… Таа состојба се нарекува пролетен замор и не е сосема безопасна. Ова е често најава за потешки пореметувања во организмот или почеток на депресија или анкциозност.
Експертите советуваат во таква ситуација најпрво да ја промените исхраната. Според нив препорачлива е лесна храна и здрави, хранливи напивки од овошје, зеленчук и билки.
Одмор на свеж воздух е исто така многу потребен. Физичката активност ќе го победи zaморот, па се препорачува возење велосипед, пешачење, планинарење.
Туширање со малка, но никако со топла вода. Направете си бања со миризлива купка која ќе ги опушти сите сетила и ќе ја поттикне циркулацијата.
Започнување на денот со чаша ладна вода.