Портокалите го чистат организмот и ослободуваат од стрес

Секое овошје полно со витамин Ц ќе го исчисти организмот од слободните радикали, а успешно се бори и со кортизолот, хормон кој телото го произведува кога сте напнати.

Кога сме под стрес, штетните слободни радикали буквално дивеат низ нашето тело. За да се ослободите од нив, секогаш јадете портокали, но и грејпфрут и лимон кога сте под притисок.

Ако не сте љубител на портокали, почнете со боровинки – тие имаат фантастичен вкус и се полни со витамини. Тие се и одлична ужина кога сте под стрес.

Причината зошто портокалите се идеален избор е тоа што тие се полни со антиоксиданси, кои помагаат во борбата против кортизолот, хормон кој вашето тело го произведува кога сте вознемирени и напнати.

Портокалот е кралица на зимата, па затоа јадете го и изборете се со овие штетни молекули.

Scroll to Top