Канадските научници го потврдија првиот случај на заболување на белиот дроб, поврзан со употреба на електронска цигара. Според АП, возраста и состојбата на болното лице кое живее во Квебек не се објавени во вчерашната изјава.
Раководителот на испитувањето од Институтот за јавно здравје во Канада минатата недела објави дека се испитуваат најмалку три случаи на тешко заболување поврзани со употреба на електронска цигара.
Вчерашната изјава дојде по извештаите дека тинејџер од канадскиот град Лондон, Онтарио, се разболел од сериозна болест. Официјалните лица првично изјавија дека тинејџерот е приклучен на апарати за одржување на животот, но се опоравува дома.