Предности и мани на вегетаријанската исхрана

Многумина денес преферираат вегетаријанска исхрана, но дали сте запознаени со сите нејзини предности и мани? Вегетаријанската исхрана во денешно време е многу популарна ширум светот. Ја преферираат доста луѓе од различни земји и се тврди дека претставува клуч за здравиот живот. Исто така, некои организации кои се борат за животинските права се строго против јадењето месо, риба или живина. Вегетаријанската исхрана обично се состои од интегрални житарки, зеленчук и овошје. Тие, без сомнеж, се добри за здравјето, но дали некогаш сте се запрашале дали вегетаријанската исхрана е потполна и дали може ли да ги исполни сите нутритивни потреби.

Предности

Вегетаријанската исхрана воглавном содржи интегрални житарици, ореви, житарки, семки, грав, овошје и зеленчук. Затоа е богата со витамини, фолна киселина и витамин Ц. Овошјето и зеленчукот обезбедуваат витамини и минерали кои се неопходни за здраво тело. Гравот, тофуто и семките се добар извор на протеини. Зеленчукот се состои од билни хемикалии кои спречуваат појава на некои хронични болести. Зелениот лиснат зеленчук е добар извор на антиоксиданти. Зеленчукот и овошјето, исто така обезбедуваат природен шеќер, корисни ензими и микроелементи.

Таа содржи мала количина на масти, холестерол и заситени масти. Како резултат на тоа, го смалува ризикот од гоење. Тоа, за возврат, ја смалува можноста за развој на здравствени проблеми кои се предизвикани од дебелината. Вегетаријанската исхрана го смалува нивото на холестерол во крвта и го смалува ризикот од разни нарушувања, како што е и високиот крвен притисок, инфаркт, срцеви болести, дијабетес, реуматичен артритис, остеопороза, заболувања на бубрегот, камен во жолчката и рак. Поради исхраната богата со влакна, подобрено е здравјето на дигестивниот тракт. Вегетаријанството ве штити од одредени болести кои се пренесуваат преку внесување на месото, како што е птичјиот грип, болеста на лудите крави, цревни паразити итн.

Маани

Иако вегетаријанската исхрана ги нуди сите неопходни хранливи материи, постојат одредени состојки кои можеме да ги добиеме од поголемите количини месо и риба. Вегетаријанската исхрана нема доволно протеини, калциум, витамин Б12, железо и цинк. Витаминот Б12 во обилни количини се наоѓа во производите од соја, збогатените житарици и животинските производи. Соиното млеко, млекото и другите млечни производи претставуваат богат извор на витамин Д. Месото, пилешкото, рибата и живината содржат голема количина на железо и цинк. Млекото, сирењето и јогуртот се одличен извор на калциум. Овие хранливи материи не се наоѓаат во голем број во вегетаријанската исхрана. Месото е богат извор на протеини и ги содржи сите неопходни аминокиселини кои телото ги бара. Фосфорот кој се наоѓа во месото полесно се апсорбира од она кое се наоѓа во мешункастите производи и житариците.

Вегетаријанската исхрана не се препорачува на бодибилдерите, имајќи предвид дека им е потребна храна која е богата со протеини, со цел да ја зголемат мускулната маса. Исхраната на која ѝ недостига доволно јаглени хидрати и протеини може да доведе до анемија. Проблемите со црвата обично можат да се приметат кај вегетаријанците. Ако вашата исхрана е потполно ослободена од масти, тогаш не е добра, затоа што одредените количини холестерол и масти се неопходни за развојот на нервниот систем и нормалното функционирање на организмот.

Иако во вегетаријанската исхрана постојат одредени маани, таа дефинитивно нуди низа здравствени предности. Ако добро ја испланирате својата исхрана, можете да го надминете проблемот со хранливите недостатоци и да ја подобрите својата физичка кондиција и целокупното здравје. На крајот на краиштата, здравата исхрана претставува клуч за здрав живот.

Scroll to Top