Многу фитнес експерти тврдат дека прескокнувањето јаже е поефикасно од трчањето. Истражувањата потврдуваат дека 10-минутното вежбање со јаже троши калории колку 30-минутно трчање. Предности на оваа активност се подобрување на кардиоваскуларната и мускулната издржливост, координација и рамнотежа, затегнување на мускулите (нозе, раце, грб, стомак, рамена) и елиминирање на целулитот. Запомнете дека погрешното вежбање може да доведе до сериозни повреди.
Тргнете од должината на јажето. Оптималната должина ќе ја одредите така што ќе застанете во средина на јажето, а рачките треба да бидат во висина на вашите гради. Предност е да вежбате во природа и да ја избегнувате тврдата подлога.
Прескокнувајте го јажето 30, 45 или 60 секунди, а потоа преминете на склекови, исчекор, трчање во место, качување по скали, клекнувања и слично. Започнете со лесен тренинг со тоа што ќе направите околу 100 прескокнувања, а потоа со текот на времето зголемете го бројот на повторувања и времето на вежбање.
Оваа вежба ќе влијае на намалена видливост на целулитот ако тренирате 3-4 пати дневно. Притоа, мора да внимавате на правилната исхрана и да внесувате доволно вода во текот на денот.