Причини зошто треба да спиете со перница меѓу нозе

Многумина не знаат, но експертите препорачуваат секоја личност на својот кревет да има од 6 до 10 перници. Иако, просечната личност спие со само две или максимално три перници. Вообичаено е мислењето дека ни требаат само перници на кои ќе ја потпреме главата, па многумина не знаат дека спиењето со перница меѓу нозете би можело да му помогне на нивното тело на бројни начини.

Издвојуваме четири причини поради кои ќе размислите за спиење со перница меѓу нозете.

1. Ја подобрува циркулацијата на крвта во вашето тело

Ставањето перница помеѓу нозете и нивното поткревање помага во олеснувањето на протокот на крв во телото. Го отстранува притисокот од вените и ја олеснува цирклуацијата на крвта. Исто така, може да ви помогне во ублажувањето на болките кај проширените вени.

2. Спречува рчење

Според зборовите на експертите, спиење на лева страна е најдобрата положба за вас доколку страдате од рчење. Имајќи предвид дека спиењето на една страна може да врши притисок на грбот и колковите, се препорачува ставање перница меѓу нозете за да можете да се опуштите.

3. Помага во намалување на оптоварувањето на колената

Доколку ноќе болките често ве држат будни,  време да почнете да спиете со перница меѓу нозете. Перницата ви помага да се опуштите и може да ви ја ублажи болката. Доколку спиете на грб, ставете перница под колената, или ако спиете странично, обидете се да ја ставите меѓу колената.

4. Помага во одржувањето правилна положба за спиење

Спиењето во погрешна положба штети на нашето тело повеќе отколку што мислите и може да предизвика болки во колковите и зглобовите. Спиењето со перница меѓу нозете го намалува притисокот на долниот дел од грбот и половината. Доколку спиете на грб, држете мала перница под половината, која ќе ви помогне да го држите телото во правилна положба. Доколку вообичаената перница не е доволна, достапни се посебно изработени перници кои можат да ви помогнат подобро да спиете.

Scroll to Top