Природен лек против забоболка

Болката во забите можете да ја намалите со каранфилчето кое делува како антисептик и анестетик. Овој зачин со сладок вкус има бројни лековити својства. Каранфилчето содржи еугенол, кој ја запира болката, а истовремено ја чисти вашата уста и може да се користи за отстранување на лошиот здив.

Од забоболката со помош на карнфилче можете да се ослободите на три начини.

Каранфилче во прав
Прво измијте ја устата со топла солена вода. Земете еден прстофат каранфилче и ставете го на непцето од забот кој ве боли. Почекајте малку и домашниот лек за кратко ќе почне да делува.

Цело каранфилче
Измијте ја устата со топла солена вода. Земете две или три каранфилчиња и ставете ги во уста, во близина на подрачјето кое ве боли и почекајте малку да омекнат. Откако ќе омекнат, лесно (колку што ви дозволува
забоболката) џвакајте ги додека не ги ослободат своите лековити масла.

Масло од каранфилче
Ова е можеби најефикасниот начин за користење на каранфилчето против забоболката. Потребно ви е масло од каранфилче, стапче за уши и половина лажица маслиново масло. Устата убаво измијте ја со топла солена вода. На тој начин ќе го подготвите непцето полесно да го впие маслото. Помешајте неколку капки од маслото од  каранфилче со половина лажица маслиново масло. Со стапчето нанесете го лекот на местото каде што ве боли со лесно притиснување неколку пати.

Scroll to Top