Овој природен лек против настинка помага да се смири вашето грло, но ги намалува и кашлицата и главоболката. За да го подготвите ви требаат шеќер, вода, лимон, мед, ѓумбир, каранфилче и шеќер во прав.
За да го подготвите лекот, во длабок сад ставете полна шолја шеќер и една шолја вода. Додадете сок од половина лимон и лажица мед, ѓумбир и исечканото каранфилче. Ставете го садот на шпорет и мешајте додека да зоврие, а потоа намалете ја температурата и така мешајте уште 15-20 минути.
Смесата треба да биде густа и темна како сируп. Кога малку ќе се олади, ставете хартија за печење на сад за печење, па со лажица направете бонбони од подготвената смеса. Кога ќе се подоладат, ставете шеќер во прав врз нив. Тоа ќе помогне да не се лепат една за друга.
Можете да ги јадете како бонбони или да ги ставите во шолја со врела вода, да оставите да се истопат, па да ја испиете течноста.