Природен лек за пушачи

Ако сте пушач овој лек е за вас, лесно се прави дома и производите се достапни во секоја кујна.

Ги исфрла секретите од белите дробови на пушачите. Убаво е да се приготви и во текот на зимата, кога ќе фатите вирусна инфекција со кашлица и настинка.

Потребно е:

  • 500гр. кромид
  • 500гр. кафеав шеќер
  • 1,5 литри вода
  • сок од 2 лимони
  • 7 лажици домашен мед

Подготовка:

Ставете го шеќерот во тенџере на умерен оган за да се карамелизира. Мешајте го повремено додека не добие боја на светол карамел. Додајте го излупениот ситно исечкани кромид и промешајте со дрвена лажица.

Потоа внимателно додадете ја водата и оставете да се вари на умерен оган се додека не останат 2/3 од смесата, а другата 1/3 испари. Процедете низ газа за да го отстраните кромидот, а потоа додадете го сокот од двата лимона, промешајте и додадете го домашниот мед.

Откако ќе добиете хомогена смеса, ставете ја во стаклено шише и оставете го на собна температура да се олади, а потоа можете да го ставите и во фрижидер.

Со само една лажица пред секој оброк од оваа смеса, ќе ги исчистите бубрезите од сите токсини. Важно е да го пиете сирупот се додека шишето целосно не се испразни. Доколку сакате да ја повторите дозата, истото можете да го направите повторно, но после 3 месеци пауза.

Scroll to Top