Брчките околу очите често се и најизразени и играат огромна улога врз целиот изглед, а за да ги ублажите, можете самите да направите маска од три едноставни состојки.
Состојки:
1 белка од јајце
1 супена лажица рендани моркови
1 супена лажица гел од алое вера
Начин на подготовка:
Во мал сад ставете ги состојките и измешајте ги со вилушка за да се соединат. Добиената маска нанесете ја со чисти раце на пределот под и околу очите, но избегнувајте да ја нанесувате на очните капаци. Маската можете да ја нанесете и на целото лице.
Држете ја маската минимум 15 минути, но не подолго од половина час, а потоа измијте се со ладна вода. Резултатите ќе ги почувствувате веднаш, со тоа што вашата кожа ќе биде повеќе затегната. Исушете го лицето и нанесете секојдневна крема.
Третманот повторувајте го 3 пати неделно.