Мигрената е силна пулсирачка болка најчесто во еден предел од главата. Трае многу подолго и е посилна од обичната главоболка. Луѓето што имаат мигрена се чувствителни на светлина и звук, а често имаат нагони на повраќање. За мигрената не постои лек, но постојат неколку природни лекови што можат да ја ублажат болката.
Магнезиум
Магнезиумот е минерал кој помага при активирањето на повеќе од 300 процеси на метаболизмот. Може да има позитивно влијание на вашиот кардиоваскуларен, нервен систем и ткивото на мускулите. Ги опушта мускулите и артериите и ослободува од мигрена. Една скорешна студија покажала дека кај луѓето кои редовно внесуваат магнезиум честата мигрена е намалена за дури 42%.
Етерично масло од лаванда
Маслото од лаванда помага во намалување на мигрената. Ова масло во минатото е користено против мигрена поради своите аналгетски својства. Содржи седатив и состојки кои ослободуваат од болка и го смируваат нервниот систем. Помага во намалување на воспалението на крвните садови за време на мигрена. Етеричното масло од лаванда треба да се користи чисто за да даде максимални ефекти.
Црвен пипер, ѓумбир и пеперминт
Црвениот пипер, ѓумбирот и пеперминтот се одлична комбинација за ослободување од мигрена. Може да направите чај со мешање на овие состојки заедно. Направете микс од 1 лажичка сушен пеперминт, една рака црвен пипер и мали парчиња свеж корен од ѓумбир. Измешајте ги со 2 шолји превриена вода и оставете ја мешавината да отстои 20 минути. Потоа промешајте и додадете органски мед.
Камилица
Ова растение отсекогаш се користело против мигрена. Поседува моќна хемикалија позната како партенолид, која може да помогне во смирување на мигрената. Камилицата е достапна во вид на таблети, тинктури или чај. За најдобри резултати користете ја свежа.