Првиот вештачки бубрег во светот може да ги ослободи луѓето од дијализа

Болната и непријатна дијализа може да стане минато благодарение на иновативниот вештачки бубрег, чиј прототип веќе беше успешно демонстриран во САД.

Американското Министерство за здравство и човечки услуги (ХХС) и Американското здружение за нефрологија (АСН) формираа партнерство со намера да ги забрзаат иновациите во превенцијата, дијагнозата и третманот на бубрежните заболувања.

Резултатот од нивната соработка е првиот вештачки бубрег. Пронајдокот е развиен како дел од Kidney Project, а станува збор за имптантибилен био-вештачки бубрег кој веќе доби награда од 650.000 долари за првата демонстрација како функционален прототип.

„Визијата за вештачки бубрег е да им се овозможи на пациентите целосна подвижност и подобри физиолошки резултати од дијализата. Овој бубрег ветува многу подобар квалитет на живот за милиони луѓе ширум светот кои доживеале бубрежна инсуфициенција“, се вели во соопштението.

Предноста на бубрегот е тоа што не предизвикува реакција на имунолошкиот систем, како и фактот дека пациентите би можеле да се ослободат од често болната и непријатна дијализа, како и од лековите кои го потиснуваат имунитетот во случај на трансплантација на бубрег.

Досега бубрезите предизвикуваат повеќе смртни случаи од рак на дојка или простата, а иако се можни трансплантации, побарувачката е секогаш поголема од количината на расположливи органи.

Постои и ризик телото на пациентот да го отфрли органот и затоа дијализата е сепак најодржливата опција иако процесот е комплициран и напорен за пациентите.

Scroll to Top