Психопатите сакаат храна и пијалаци со горчлив вкус, покажа ново истражување

Истражувањето спроведено на Универзитетот во Инсбрук, Австрија, покажа дека психопатите најмногу сакаат горчливи вкусови кога станува збор за храната и пијалаците.

Научниците тестирале 953 жени и мажи, а резултатите од студијата велат дека луѓето што сакаат пијалаци како џин и тоник, и црно кафе или јадат темно чоколадо, почесто се садисти, нарциси и макијавелисти. Горчливите вкусови им се омилени и на лицата кои се себични и имаат недостиг на емпатија.

Резултатите ја потврдиле хипотезата на научниците дека лицата што сакаат храна и пијалаци со горчлив вкус почесто имаат карактеристики што се поврзуваат со садизмот и психопатијата.

Scroll to Top