Путин силата ја црпи од здравата исхрана

Рускиот лидер Владимир Путин води сметка за тоа што јаде, па светските медиуми пишуваат дека најмногу ужива во руската храна, а странските рецепти ретко се наоѓаат на неговата трпеза.

Исхраната на првиот човек на Руската Федерација ја анализирала српската нутриционистка Јована Среиќ-Ферлуга. Руската исхрана главно се состои од чорби, супи и готвени јадење од скромни состојки.

Русите првенствено јадат доста здрави продукти, како што се туршија и бел лук, цвекло и компир, кои на организмот му даваат многу железо и витамин Ц, а без кои руската трпеза е невозможно да се замисли.

Путин сака житни зрна и мед, најчесто појадува овесна каша или леќа, со додаток на мед. Често денот го почнува и со младо сирење, а сака и препечени јајца.

Претседателот на Русија редовно јаде домати, краставици, а секогаш предност ѝ дава на рибата кога станува збор за изборот на месо. Од другото месо најмногу сака да јаде јагнешко, а не е нешто луд ни по слатките. Сепак, постои еден продукт на кој не може да му одолее.

Тоа е сладоледот. Путин најчесто не руча затоа што нема многу време. Вечера лесна храна со млечни производи. Неговата исхрана главно може да се дефинира како медитеранска, а најчесто избегнува преработени производи и алкохол.

Сепак, повремено сака да испие некое вино или пиво, но никогаш не пие кафе. Секогаш се расонува со зелен чај. Меѓу омилените напивки му е сокот од цвекло.

„Житните зрна му се често на менито. Ваквите каши го продолжуваат чувството на заситеност и го стабилизираат шеќерот во крвта. Тие се одличен извор на витамин Б и многубројни минерали, а содржат и диетални влакна. Путин може и да го прескокне ручекот затоа што кашата му дава чувство на заситеност“, вели Среиќ-Ферлуга.

Путин обожава да пие кефир или кепир, ферментиран млечен пијалак кој потекнува од Кавказ направен со кефир-зрна.

Тоа му е омилениот киселомлечен производ во Русија.

„Затоа што најмногу сака риба, тој си обезбедува доволно омега-3 масни киселини. Примањето лесни протеини го балансира со јагнешко и на тој начин осигурува доволно извор на железо“, вели Јована Среиќ-Ферлуга.

 

Scroll to Top