Ракијата го продолжува животот и ослободува од стрес

Конзумирањето ракија има неколку здравствени предности, но секако, ако не се претерува со количините.

1. Ракијата го продолжува животниот век

Преголемите количини ракија или било кој друг вид алкохол ќе го скратат животниот век, но една чашка може да ја овозможи продуктивност поради тоа што антиоксидансите помагаат во борбата против радикалите кои се главна причина за стареењето.

2. Ослободување од стресот

Ако ја пиете во умерени количини, ракијата делува на нервниот систем и ве опушта. Но, само во умерени количини.

3. Намален ризик од мозочен и срцев удар

Ракијата спречува создавање слоеви холестерол во кардиоваскуларниот систем и со тоа помага да се намали количината на холестеролот. А, тоа драстично ја намалува опасноста од срцев и мозочен удар.

4. Помага во превенција на настинка

Веројатно не сте знаеле дека ракијата може да послужи како одличен сируп против кашлица. Исто така алкохолот помага да се убијат сите бактерии во грлото. Најдобар ефект се постигнува ако ракија измешате со топла вода и лимун.

5. Не дебелее

Одличен аргумент, за разлика од газираните и некои „природни„ сокови ракијата е алкохол со мал број калории! Ракијата го намалува холестеролот во крвта и не ја крева килажата.

Scroll to Top