Ракот на дојка може да се открие пет години пред да се појават првите симптоми

Научниците од Универзитетот Нотингем развиваат тест што ќе ја идентификува реакцијата на системот за имунитет на антигени поврзани со туморот и тврдат дека со новиот тест на крвта може да го открие ракот на дојката пет години пред да се појават првите симптоми на болеста. Тестот, според нив, може да биде достапен во следните четири години.

Клетките на рак произведуваат протеини наречени антигени кои го тераат организмот да создава антитела против нив, познати како автоантитела, пишува „Скај њуз“.

Научниците развиле таканаречени панели на антигени поврзани со ракот на дојката за да детектираат дали во телото постојат автоантитела против нив во примерок од крвта. Потоа утврдиле дека е можно да се откријат автоантитела против голем број антигени и до пет години пред појавата на првите клинички симптоми на оваа болест. Според нив, ова е револуционерно откритие што може да помогне да се создадат лекови што ќе помогнат во превенирање на болеста.

Scroll to Top