Рецепт за домашна вијагра

Според индиски експерти сувото грозје е најдобриот лек против машка импотенција, а користи да се подобри квалитетот на спермата. Тие неодамна открија заборавен оригинален рецепт за „домашна вијагра“ кој се прави во вид на напивка со суво грозје и млеко. Во чаша млеко ставете 30 грама суво грозје и малку шафран и оставете го да проврие.

„На почеток пијте ја оваа количина три пати дневно, а подоцна зголемете ја количината суво грозје на 50 грама“, велат тие.

Сувото грозје во себе содржи агринин, кој е клучен во третманите за еректилна дисфункција. Ова, истовремено ги зголемува и шансите жената да затрудни, тврдат тие, оти го подобрува квалитетот на спермата кај мажот. Традицијата на користење на оваа напивка постои уште од древна Индија, а ја пиеле младите за подобар сексуален живот.

 

Scroll to Top