Леќата е храна со високохранлива вредност. Таа е богат извор на сите хранливи материи кои му се потребни на нашиот организам дневно, па нутриционистите ја нарекуваат супер-храна.
- Леќата го штити срцето и го намалува ризикот од срцев удар
- Ја подобрува дигестијата и помага во одржувањето на телесната тежина
- Го стабилизира крвниот притисок и го намалува ризикот од дијабетес
- Ја зголемува енергијата и помага во концентрација при работа и учење
- Помага во слабеење и го намалува нездравиот холестерол
- Богат извор е на антиоксиданси и го намалува штетното дејство на слободните радикали во организмот
- Ја храни мускулната маса
Ексерите препорачуваат да се јаде леќа барем еднаш неделно. Освен што ги намалува ризиците од дијабетес, дебелина, срцеви болести, лош холестерол и многу други, одличен извор е на витамини, минерали, протеини, влакна. Таа ги задоволува и потребните за нашиот организам за рибофлавин, ниацин, магнезиум, цинк, манган и селен.
Покрај ова, експертите се согласни дека леќата е најдобрата замена за месо во однос на количеството на здрави протеини кои ги содржи, што ја прави погодна за луѓето што одбираат алтернативни начини на исхрана.