Седум рани симптоми на ракот

Популарниот портал Bright side направи листа од неколку симптоми кои може да се сфатат како први симптоми на рак и кои треба да се сфатат сериозно. Сепак, тие може да бидат знак и за други болести. Затоа, консултирајте се со лекар, кој ќе ги потврди или отфрли вашите сомнежи.

Неоплазми на кожата

Оваа појава може да биде знак за рак на кожата или дојката. Другите симптоми вклучуваат иритација или алергија од непознато потекло, која не е поврзана со храна или козметика, и раст на бенка, промена на нејзината форма, големина или боја.

Долготрајна кашлица

Долготрајната кашлица е еден од симптомите за рак на белите дробови, кои најчесто се поврзуваат со други симптоми, како што се намален апетит, неочекувано губење многу килограми, искашлување проследено со крв во секретот.

Постојано чешање на кожата

Во поголемиот број случаи чешањето не кожата не е поврзано со тумори, но од клиничко искуство тие сепак се поврзуваат, па затоа треба и тоа да се земе предвид.

Промени во функциите на системот за варење

Малигна болест на цревата и желудникот може да биде предизвикана од следните симптоми: крв во изметот, подуеност и мачнина по оброк, спонтано празнење на цревата и голема болка во стомакот.

Промени при мокрење

Ова може да биде знак за малигно заболување на бубрезите, кое се поврзува со други симптоми, како што се крв во урината, зголемен крвен притисок, болка во бубрезите, хронична слабост и замор.

Неочекувано губење на тежината

Овој симптом најчесто се појавува при рак на желудникот, а е проследен со други симптоми, како: одбивност кон месо, прерано заситување (чувство дека сте прејадени иако количински не сте јаделе многу) и гсови и подуеност при поминувањето на храната преку дигестивниот тракт.

Постојани болки во грлото

Долготрајната болка во грлото може да биде симптом за рак што се поврзува со тешкотии при голтање и дишење, промени во бојата на гласот, губење на гласот и искашлување крв.

Scroll to Top