Секс под туш: Водата е лош лубрикант, како да уживате ?

Иако делува како идеално место за водење љубов, сензуално и полно со возбудувања, сепак секс под туш е е доста неудобно. Многу често сме осудени на многу мал простор, не толку предвиден за двајца. И иако на филмовите делува како на сите да им оди од рака, во пракса работите се малку покомплицирани.

Како прво, се работи за доста лизгава средина. Второ, иако не делува како таква, сепак водата не е добар лубрикант. Парадоксално, истата може на клучни места да ве направи посуви отколку што сте испарувајќи ја од вас вашата природна влажност. И трето, но и не најмалку важен е фактот дека можете случајно да голтнете количина врела вода низ уста или уште полошо низ нос, додека сте во екстаза.

Меѓутоа, пред да го пречкртате сексот под туш од листата на работи кои сакате да ги направите, ви предлагаме да прочитате неколку насоки на кои ќе ви укажеме. На крајот на краиштата, има нешто заводливо во него. На крајот на краиштата во повеќето случаи, сексот под туш е една опција која им преостанува на младите родители чии деца неуморно дење-ноќе скокаат на сите страни и покрај тоа обожаваат ноќе да се пикнат во нивниот брачен кревет.

Како повеќе да уживате во сексот под туш?

Ќе ви треба пред сè нелизгачка подлога за туш кабината. Со неа, вашата загриженост дека би можеле да ја загубите рамнотежата и да паднете колку што сте долги и тешки, исчезнува и наместо неа настапува задоволството.

Започнете со сексот под туш кога вашата желба за секс е во својот ек. Ќе признаете, под тушот нема многу простор ни многу време за предигра. Затоа ве советуваме тоа да го направите вон тушот, особено ако знаете дека ви треба повеќе време.

Избегнувајте го маслото и користете исклучиво лубриканти. Под тушот е како што напоменавме веќе доволно лизгаво, па нема ни потреба да ги влошувате работите.

Понекогаш работите можете малку да ги направите и позабавни доколку внесете играчки под тушот. Водоотпорниот вибратор и сличните справи по ваш избор навистина можат да ви понудат врвно искуство под тушот.

Исто така сексот не мора нужно да вклучува пенетрација. Ако не сте во потполност расположени за одење до крај, можете со помош на сапуниците на рацете нежно да го измасирате и истражите телото на вашата сакана личност.

Scroll to Top