Секс-водич: три оргазми по 20 секунди

Жените за добро расположение би требало да доживеат најмалку три оргазми неделно. Еве неколку совети како оргазмите да ви траат по 20 секунди, па и подолго.

„Доколку жената е сексуално задоволена, се чувствува фантастично затоа што прави нешто добро за себе, а истовремено и на другите може да им го пренесе доброто расположение“, тврди д-р Андреа Пенингтон.

„И покрај тоа што повеќекратните оргазми имаат доста предности, лошо е што на секои три машки оргазми доаѓа еден женски. Тоа би требало да се промени“, додава таа.

Големиот оргазам би можел да се состои од 10 до 15 мали налети во кои телото ја испушта напнатоста, а малиот оргазам има од 3 до 5. При оргазмот се зголемува дотокот на крв во гениталиите, а вашиот мозок се фокусира на сетилата во потполност – во текот на оргазмот губиме свест за звуците и мирисите што се наоѓаат околу нас.

Затоа, експертите одлучија да споделат неколку совети за помош со кои можете да направите оргазмот да трае уште подолго.

„Еџинг“-техника

Во прашање е достигањето кулминација и потоа нагло повлекување. Кај 65 % од испитаните жени, оние што го правеле овој трик два или трипати имале појаки оргазми.

Паузирање

Кога ќе почувствувате дека ви се приближува кулминацијата, тргнете се од партнерот. Тоа ќе ви дозволи дополнителна минута или два да се одморите, а потоа можете да продолжите онаму каде што сте застанале.

Дистракција

Смислете нешто што ќе ви го одвлече вниманието кога ќе се приближите до кулминацијата. Тоа може да биде, на пример, тапкање по внатрешната страна од бутот.

Scroll to Top