Маслото од оригано е еден од најсилните природни антибиотици, а го користеле уште античките Грци. Тоа помага против габични инфекции, во борбата против кожни болести, при проблеми со дишењето и кардиоваскуларни заболувања.
Против бактериски и габични инфекции
Многу истражувања покажале дека маслото од оригано успешно се бори против 30 видови бактерии, меѓу кои и ешерихија коли. Помага и против голем број габични заболувања, како што се габите под ноктите и атлетското стапало.
Ги намалува тегобите за време на менструацијата
Маслото од оригано се користи за намалување на болките за време на менструацијата, а го користат и жените со нередовен месечен циклус. Тоа го стимулира протокот на крвта и контракциите на матката, па затоа не се препорачува за трудници.
Ги намалува последиците од кожни болести
Помага при псоријаза и егзема. Маслото од оригано се меша со маслиново масло или со масло од јојоба и се нанесува на кожата. Резултатите се видливи за само неколку дена.
Содржи витамини и минерали
Магнезиум, цинк, витамини Ц и Е, железо, манган ги има во маслото од диво оригано.
Помага при проблеми со дишењето
Маслото од диво оригано е ефикасно против бронхитис, астма и проблеми со дишењето предизвикани од настинка. Тоа има дејство на благ седатив, па ги намалува проблемите при дишењето предизвикани од алергија, а ја ублажува и реакцијата на телото на алергените.
Штити од кардиоваскуларни заболувања
Поради силните антиоксиданси што ги поседува, ова масло ги штити срцето и вените од штетата предизвикана од слободните радикали. Тоа го намалува лошиот холестерол, а го спречува и собирањето мастите во организмот.