Што сè треба да содржи една чинија, нутриционистка открива што значи балансиран оброк

Кога станува збор за исхраната, сите горе-долу знаеме што треба да јадеме за да бидеме здрави. Сепак, отсекогаш многумина се прашувале што всушност треба да има во една чинија, за да го карактеризираат како „здрав оброк“.

Нутриционистката Марија Ѓурковиќ открива што значи балансиран оброк и што треба да содржи:

Чекор 1:
Внимавајте на зеленчукот – наполнете половина чинија со него.

Чекор 2:
Храната богата со протеини треба да зазема четвртина од вашата чинија.

Чекор 3:
Искористете ја преостанатата четвртина од чинијата за јаглехидрати богати со влакна.

Чекор 4:
На крајот, обидете се да додадете здрави масти: неколку капки маслиново масло во салата, парче авокадо, лажичка ленено семе или неколку маслинки.

За да избегне забуна, нутриционистот откри и на која храна треба да се фокусирате:

Јаглехидрати: интегрален ориз, леб, тестенини, овес, киноа, компир, сладок компир, леќа итн.

Протеини: риба, месо, јајца, млеко и млечни производи, мешунки (грав, грашок, наут итн.)

Масти: ладно цедени масла (маслиново, кокосово, сусам, ленено семе итн.), масна риба, јаткасти плодови, семки, авокадо итн.

Микронутриенти: Витамини и минерали кои најмногу ги има во зеленчукот и овошјето.

Scroll to Top