Со СИДА заразени 10 нови лица во Македонија

Во текот на месеци август, пријавени се 10 нови случаи на ХИВ/СИДА. Се работи за лица од машки пол, 5 од Скопје, 2 од Велес и по еден од Гевгелија, Кавадарци и Куманово. Во однос на возрасната дистрибуција, 5 лица се од возрасната група од 20-29 години, 3 од возрасната група од 30-39 години и 2 од возрасната група од 40-49 години. Четворица од нив имале СИДА, останатите само инфекција со ХИВ.

Согласно епидемиолошките податоци од анкетите, трансмисијата на ХИВ вирусот е настаната кај 5 лица преку МСМ контакт, а кај останатите 5 преку хетеросексуален контакт. Од вкупниот број на регистрирани: лица болни од СИДА се 192, ХИВ позитивни лица се 196. Од вкупниот број на досега регистрирани случаи: 85 лица починале, а 303 лица живеат со ХИВ/СИДА.

Scroll to Top