Симптоми кои укажуваат дека ќе морате да пиете помалку кафе

Мала количина кафе има бројни здравствени предности, но што се случува кога ќе ја прескокнете препорачаната дневна доза? Кафето е познато како напиток кој има позитивно влијание врз организмот, но доколку претерате со кофеинот, можете да имате бројни здравствени проблеми.

Не грижете се, ова не значи дека во потполност треба да се откажете од кафето, туку да не претерувате со неговиот внес, затоа што постојат некои здравствени последици кои можат да ви се случат доколку пиете повеќе од три кафиња на ден.

Тегоби

Луѓето кои се борат со анксиозноста би требало да го избегнуваат кофеинот затоа што тој може само да ги влоши и онака непријатните симптоми. Исто така, кофеинот го подига нивото на стрес, па можно е после консумирањето да почувствувате поголема нервоза отколку инаку.

Болка во желудникот

На многу луѓе кои имаат проблеми со желудникот всушност им смета кафето, а за тоа не се ни свесни. Често болката ја препишуваме на храната, но болките во желудникот можат да настанат и од кафето.

Забрзана работа на срцето

Преголемиот внес на срцето може да предизвика забрзана работа на срцето. Луѓето кои инаку патат од оваа здравствена состојба, би требало да се ограничат на едно до две кафиња на ден.

Треперење

Кофеинот го забрзува централниот нервен систем, поради што може да почувствувате нервоза. Ако на кафето реагирате со неконтролирано треперење, тогаш сериозно ограничете го нејзиниот дневен внес.

Главоболка

Иако малата количина кафе може да помогне кај главоболката, сепак претерувањето со него може да предизвика болка во главата затоа што сте ја преминале дозата на кофеин. Овде се мисли на количина од пет или повеќе шолји дневно.

Scroll to Top