Болното грло во зима најлесно се лекува со сладолед, велат експертите. Сладоледот, бидејќи е ладен, ја смирува болката во грлото. Ледениот ефект ги отрпнува нервните завршетоци, па болката исчезнува. Гребењето, печењето и болката во грлото се едни од најчестите проблеми со кои се соочуваат луѓето во зимскиот период од годината, а разните течности, бомбони на база на ментол и еукалиптус, прополис и слично, некогаш не помагаат.
Експертите велат дека за болката во грлото се препорачува овошен сладолед. Според нив, млечните сладоледи треба да се избегнуваат бидејќи немаат позитивен ефект.