Смирете ги хормоните со храна

Нивото на женските полови хормони, естроген и прогесторенот, варира во различни фази од животот. Како старееме, нивното производство се намалува. И начинот на исхрана честопати може да предизвика проблеми со хормоните. Затоа, нутриционистите препорачуваат пет намирници што доведуваат до баланс во организмот.

Ленено семе

Семето или маслото од лен покрај фитоестроген содржи и антиоксиданси кои влијаат на намалувањето на ризикот од појавата на карцином на гради и грлото на матката.

Зелка, брокули, карфиол…

Зелката, брокулите и карфиолот се богати извори на фитоестроген и растителни влакна. Благодарение на тоа тие се превенција од многу срцеви болести.

Соја

Сојата и производите од соја содржат видови  фитоестроген наречени изофлавони, кои се покажаа како многу корисни кај жените во менопауза.

Јаткасти плодови

Тие содржат масни киселини кои се многу важни за регулацијата на хормоните, но и претеини и јаглехидрати, кои овозможуваат избалансирана исхрана.

Вода

Правилното и доволното внесување  вода во организмот помага при регулација на хормонскиот статус. Водата обезбедува апсорција и го елиминира вишокот хормони.

Scroll to Top