Смути од тиква и јаболка за имунитет

Смутито од тиква, јаболка и кељ, зачинето со куркума и мед го подобрува имунитетот, велат нутриционистите. Оваа смеса се подготвува лесно и брзо.

Потребни состојки:
тиква
јаболка
неколку парчиња кељ
малку кокосово масло
сок од лимон
мед
морско оревче
чили
цимет
куркума

Начин на подготовка:

Тиквата исчистете ја, исечете ја на коцки и сварете ја. Исцедете ја, но водата не ја фрлајте туку ставете ја во посбен сад. Додајте од зачините по вкус, но количински не премногу. Сите состојки измешајте ги, со количества според ваша желба, и изблендирајте за да добиете мазна смеса. Ако смесата ви е премногу густа додајте од водата во која се варела тиквата. Смесата можете да ја послужите како смути и како пире. Препорачливо е да ја конзумирате секој ден, барем една недела.

Scroll to Top