Со правилна исхрана против есенските настинки и вируси

Руската диететичарка Камила Тимошенко состави листа на храна која е неопходна за зајакнување на имунолошкиот систем во текот на есента, бидејќи тогаш ризикот од многу болести значително се зголемува, особено проблеми со гастроинтестиналниот тракт, а грипот, настинките и депресијата се почести.

Таа на својот Инстаграм профил наведе дека храната богата со цинк и селен се важен дел од исхраната. Тоа се рибата и морската храна, јајцата, целите зрна, мешунките и месото. Особено нагласи дека е важно железото да се внесува преку месото бидејќи се апсорбира 10 пати подобро од храна од животинско потекло.

Нутриционистот го насочи вниманието кон витамините Б, Ц и Д. Нив ги содржат пиперките, брокулата и карфиолот.

Конечно, на телото му се потребни омега-3 масни киселини, кои, покрај во рибите, ги има во изобилство и во семиња и растителни масла.

Еве го списокот на хранливи материи којшто го пототви д-р Тимошенко за силен имунитет во есенските денови.

Цинк: риба, црн дроб, месо, мешунки, цели зрна, пченични трици
Селен: риба, морска храна, црн дроб, јајца, тврда пченица
Железо: црн дроб, месо
Витамин Д: риба, црн дроб од бакалар, јајца, путер
Витамин Ц: киви, билки, пиперки, брокула, карфиол
Б витамини: цели зрна, месо, црн дроб, јајца, зеленчук
Омега-3: риба, растителни масла, семиња.

Scroll to Top