Сок од целер против висок притисок и дијабетес

Сокот од целер е без сомневање е еден од најголемите трендови кога исхраната е во прашање. Многумина велат дека чистиот сок е како „течна магија“ и дека има многу здравствени бенефити. Па, каков е тој сок и што може да направи за нашето тело доколку редовно се конзумира?

Неколку гранчиња целер и дел од коренот се мелат во блендер, па се додава малку вода. Иако содржи богатство од витамините А, Ц, калиум, калциум и многу други елементи, при процесот на цедење се отстрануваат влакната кои се многу важни за нашата исхрана – што е случај и со останатото овошје и зеленчук. Меѓутоа, поради високите количини на антиоксидант, целерот може да ги тргне слободните радикали, да го намали ризикот од рак и други болести како што е кардиоваскуларните болести, болестите на црниот дроб итн. Исто така го намалува високиот притисок и нивото на шеќер во крвта, а за семките од целер се вели дека ги намалуваат кожните болести како што е псоријазата.

Треба да се има на ум дека секоја личност е индивидуа за себе и дека сокот може да влијае кај некого повеќе, кај некого помалку. Треба да го конзумирате од време на време или секојдневно, по желба.

Scroll to Top