СОС-совети за мамурни утра

Ако веќе пиете, барем направете го тоа на вистинскиот начин!

Немојте ни случајно да пиете на празен стомак. За да не ве прогонуваат духовите на алкохолот, битно е да изедете здрав и моќен оброк. Ви предлагаме здрави јаглехидрати и масти. Во својот оброк задолжително додадете и зеленчук за да се наполни телото со потребните витамини и полесно да го апсорбира алкохолот.

Покрај алкохолот, пијте многу вода. Заборавете на енергетските пијалаци затоа што поради кофеинот ќе се чувствувате помалку пијано, а всушност нема да препознаете кога сте ја достигнале својата алкохолна граница. Секако пијте вода за полесно да се апсорбира алкохолот во вас.

Исчистете го лицето од шминката, и тоа не само за добробит на вашиот тен. Измијте ги забите и по можност истуширајте се. Секако исчистете го лицето затоа што така вашите пори ќе бидат поотворени и алкохолот ќе може полесно да испари. Испијте барем две чаши вода (не сок) за полесно да ја избегнете дехидрацијата. Алкохолот ја смалува течноста околу крвните садови, го суши мозокот и затоа доаѓа до главоболки и вртоглавици.

Квалитетно наспијте се. Исклучете го алармот затоа што сонот е дефинитивно клучен фактор во лечењето против мамурлакот. Алкохолот им смета на хемиските спојки во мозокот кои го регулираат сонот, па, без разлика што мислите дека спиете во длабок сон, всушност ќе бидете будни во текот на ноќта или ќе имате лесен сон.

Започнете го денот со правилен избор на појадок. Утрото е најдобро да го започнете со пржени јајца. Тие содржат цистеин, состојка која ги уништува штетните делувања на алкохолот поради кои доаѓа до мамурлак. Освен тоа, ви предлагаме топла супа или банана која сигурно ќе го надомести натриумот и калиумот кои сте ги изгубиле во текот на вчерашната ноќ. Налејте си чај од пеперминт или исцедете сок од портокал за да би се вратиле меѓу живите.

Доколку чувствувате главоболка, или било какви знаци на болка, напијте се ибупрофен како најлесно би се решиле од овие незгодни (не)пријатели. За да би се вратиле целосно во форма, психички, но и телесно, појдете во теретана затоа што алкохолот најлесно ќе испари додека се потите.

Scroll to Top