Совршени ситуации за секс

Поголеми се шансите дека нема да ви треба дополнителна причина за мазење со партнерот, но сепак постојат ситуации кои се совршени за секс. Еве кои се тие.

1. Пред голема презентација

Истражувањата укажуваат на тоа дека сексот ги смирува нервите, го намалува притисокот и влијанието на стресот. Една студија дури докажува дека луѓето кои пред голема презентација доживуваат оргазам, имаат најмалку стрес.

2. После будење

Не само тоа во тоа доба од денот количината на тестостерон е најголема, туку телото произведува повеќе окситоцин кој ја зацврстува врската помеѓу партнерите, а ендорфините ќе ви го подобрат расположението.

3. Кога сте болни

Иако звучи контрадикторно, студиите укажуваат на тоа дека сексот го јакне имуниот систем и така помага во борбата против разни болести.

4. Две недели после менструација

Неодамнешна студијс покажа дека после две недели од почетокот на циклусот клиторисот расте за 20%, па на жените им е многу полесно да постигнат оргазам. Тоа е токму она време кога настапува оргазмот, па логично е телото да сака што повеќе „акција“.

5. После тренинг

Студија од Универзитетот во Тексас покажува дека кај жените, после вежбање, зголемениот притисок на крвта низ генеталиите за дури 169%! Притоа, после потење во теретана, жената има многу поубава слика за сбее и за својот изглед, па е спремна за однос.

Scroll to Top