Научниците успеаја да го создадат првoто растение во светот што произведува „мајчино млеко“.
Поточно, растение кое произведува масло со ист хемиски состав како и маснотиите од човечкото млеко.
Природното човечко млеко има молекули на маснотии – триацилглицерол, кои му помагаат на бебето во варење хранливи материи.
Според научниците, ретко која храна за бебиња содржи нешто слично на овој молекул, така што може да се додаде во нивните производи – што значи дека децата што се хранат на шишенце подобро ќе можат да апсорбираат хранливи материи.
Главниот истражувач Питер Истмонд рече дека ниту еден друг организам нема масни клетки структурирани како маснотии од човечко млеко, ниту растенија, квасци, габи или бактерии.
„Се надевам дека ако најдеме поевтини методи за производство на оваа маст, која е слично на структурата на маснотиите добиени од човечкото млеко, таа состојка ќе се користи во храна за бебиња“, рече тој.