Спанаќот го зајакнува имунитетот

Спанаќот е богат извор на витамини и минерали, посебно витамин А, кој е значаен за кардиоваскуларен систем. Спанаќот содржи и витамин К, кој е важен за коските. Во него има 13 флавоноиди – силни антиоксиданси кои го зајакнуваат имунитетот борејќи се против слободните радикали.

Листовите на спанаќот содржат големо количество хлорофил, а од витамините, најмногу содржи витамин Ц, па витамин А и скоро сите видови на витамин Б: Б1, Б2, ниацин и Б6.

Истражувањата во последните децении откриле дека спанаќот содржи фолна киселина, која има значајна улога во структурата на црвените крвни садови, што го прави погоден прехранбен производ за проблемите со слабокрвност.

Scroll to Top