Срцето се регенерира по откажувањето на пушењето

Научниците откриваат дека поранешните пушачи може да го намалат ризикот од срцеви заболувања по 5 години од престанувањето со пушење.

Истражувач од Универзитетот „Вандербилт“ во Нешвил дава уште повеќе докази што би можеле да ги убедат пушачите да се откажат од пушењето за да може срцето и крвните садови да се регенерираат.

„Луѓето не знаат колку долгорочното пушење влијае врз нивното здравје“, вели главниот автор на студијата, Мередит Данкан.

Во оваа анкета учествувале повеќе од 8.700 луѓе, а тимот собира податоци од 1954 до 2014 година.

Учесниците во студијата биле пушачи што пушат најмалку една кутија на ден во последните 20 години. Тие го споредиле своето кардиоваскуларно здравје со поранешните пушачи и оние што никогаш не пушеле и откриле дека речиси пет години по откажувањето, ризикот од срцеви заболувања е намален 40 проценти.

Научниците се надеваат дека овие резултати ќе ги охрабрат пушачите да престанат да пушат.

„Кардиоваскуларниот систем почнува да се исцелува релативно бргу по прекинувањето на пушењето, дури и кај луѓе што пушеле со децении“, вели д-р Хилари Тиндл, една од авторките на студијата. „Потребни се години за целосно закрепнување, па затоа сега е вистинско време да престанете да пушите и да направите чекор напред кон подобро здравје“.

Scroll to Top