Tинејџерот Џејкоб Клинк (13) од Мичиген, почина во сон откако ја прими втората доза од вакцината „Фајзер“, потврдија од Американскиот центар за контрола и превенција на болести и велат дека отвориле истрага за неговата смрт. Тие ќе истражуваат дали смртта на момчето е директно поврзана со вакцината.
„Американскиот центар за контрола и превенција на болести е информиран за момчето кое почина откако прими вакцина против коронавирусот. Овој случај е под истрага и сè додека истрагата не заврши, избрзано би било да се каже која е причината за смртта“, рече Марта Шаран, лице за односи со јавност овој здравствен центар.
Починатиот Џејкоб Клиник ја примил втора доза од вакцината Фајзер на 13 јуни и починал во сон три дена подоцна, објави „Детроид њуз“.
Според изјавите на блиски членови на неговто семејство, Џејкоб бил здрав и немал никакви хронични болести. Тие велат дека тој два дена чувствувал замор и имал треска, кои се најчестите симптоми по вакцинирањето.
„На 15 јуни, Џејкоб имаше мала болка во стомакот, но не доволно за да предизвика сериозни проблеми“, велат неговиот блиски.
Претходно, федералните власти повикаа да се внимава на несаканите ефекти од вакцината, како болка во градите и срцево воспаление, кои се јавувале најчесто кај тинејџери откако ја примиле втората доза од „Фајзер“.
„Има 323 потврдени извештаи за воспаление кај лица помлади од 30 години, а голем дел од нив се опоравиле од симптомите. Тој ризик ми се чини е многу помал од ризикот од Ковид-19“, вели Брајан Феинголд, специјалист за срце на Универзитетот во Питсбург.