Топење килограми без тешки вежби и строги диети

Топење масни наслаги, зајакнување на целото тело и трошење вишок калории – сето тоа може да се постигне со различни видови вежби, а ние ве потсетуваме на онаа на која ѝ посветуваме најмалку внимание – а тоа е одењето.

За само дваесет минути дневно можете да поминете минимум од 10.000 чекори, но тоа е многу важно во каков ритам тоа го правите. Немојте да се лажете со обично шетање по населба или гледање по излози. Вистинската вежба со одење е можна само доколку во таа прилика ви се покачи пулсот.

Тоа ќе го знаете доколку се задишите и повеќе нема да можете да зборувате со комшивката со која шетате или со другарката со која планирате да одите во шопинг.

Експертите потсетуваат дека за дваесет минути брзо одење дневно ќе дојдете до оној „златен минимум“ од 150 минути вежбање неделно што е доволно за одржување енергија и линија.

Scroll to Top