Тридневна диета со портокали за намалување килограми и прочистување на кожата

Веројатно досега сте слушнале дека најефикасната и најпопуларна диета на светот е со портокали и јајца.

Затоа, не е чудно што за оваа нова брза диета, нутриционистите го избрале токму ова овошје. Покрај тоа што е рестриктивна, тридневната диета со портокали прави да губите по 1 кг дневно, а исто така на природен начин ја намалува апсорпцијата на мастите и ја прави кожата поубава и посјајна.

Со оглед на тоа што оваа диета содржи помалку јаглени хидрати, постои можност за намалување на мускулната маса. Затоа, после диетата потребно е да се зголеми физичката активност, како трчање, возење велосипед, пливање или едноставно пешачење. Користете билки наместо сол.

Доколку немате премногу вишок килограми, тогаш најдобро е да ја прескокнете оваа диета или да ја следите по поблаг, прилагоден рецепт, во консултација со нутриционист или лекар.

За време на диетата, првиот утрински оброк е секогаш ист: портокал (круша, праска, лубеница или диња), два тостови, шолја кафе или чај без шеќер.

Прв ден

Ручек: портокал, варено јајце, кисело млеко или јогурт

Вечера: два домати или два децилитри доматно пире, 2 варени јајца, мала главица зелена салата или краставица и две кришки двопек

Втор ден

Ручек: портокал, јајце, кисело млеко, два двопек

Вечера: 125 грама мелено говедско месо, домат или децилитар доматно пире, тост, шолја чај или кафе

Трет ден

Ручек: портокал, варено јајце, кисело млеко, мала главица зелена салата

Вечера: 125 грама мелено месо, портокал, тост, шолја кафе или чај

Scroll to Top