Диетата со цимет е прилично едноставна и не бара подготовка на специјални оброци, што е дополнителен плус. Таа вклучува консумирање пијалок со цимет двапати на ден. Поради ова, мометално за најомилена диета низ целиот свет.
Главната основа на оваа диета е циметот. Покрај тоа што ви помага да го подобрите метаболизмот, циметот има корисен ефект и врз општото здравје на организмот. Оваа диета може да го регулира нивото на шеќер во крвта, но и на холестеролот.
Диетата со цимет не бара ограничување на оброците, туку да ја замените масната храна со поздрава. Единственото правило што треба да го следите е да пиете чаша јогурт со малку маснотии наутро, откако ќе се разбудите, и навечер пред да одите во кревет, во која ќе додадете една лажичка цимет.
Пример мени за оваа диета
Појадок
- Чаша јогурт со цимет, кајгана со едно цело јајце и три белки, парче тост и три парчиња пршута.
Ужина 1
- грст бадеми.
Ручек
- пилешко, зеленчук и киноа.
Ужина 2
- Сезонско овошје или грчки јогурт.
Вечера
- Чаша јогурт со цимет, овесна каша и овошје.
Препорачливо е да воведете лесна физичка активност и да вежбате најмалку двапати неделно.
Пред да започнете со оваа диета, консултирајте се со вашиот матичен лекар!