Резултатите од некои медицински истражувања покажуваат дека употребата на квасец од цвекло го спречува развојот на малигни тумори, го чисти црниот дроб, го чисти организмот од токсини и други отпади, ги отстранува остеопорозата и другите проблеми со цревата.
Руската традиционална медицина смета дека квасецот од цвекло е најдобар немедицински лек за хипертензија затоа што го нормализира крвниот притисок на подолг временски период, а корисен е и кај артериосклерозата.
За подготовка на лековитиот квасец од цвекло потребни ви се:
- стаклена тегла од 3 литри (уште подобар глинен лонец доколку имате);
- 700 грама цвекло (приближно 3 свежи цвекла со средна големина);
- 2 лажички брашно;
- 200 грама шеќер;
- 100 грама грозје.
Подготовка:
„Свежото измиено цвекло исечете го на коцкички или тенки ленти и ставете ги во чист сад. Додајде грозје, 2 лажички брашно и 200 грама шеќер. Теглата наполнете ја со ладна претходно зовриена вода и промешајте. Потоа ставете го пластичниот поклопец или уште подобро замотајте го со двојна газа (за да може квасецот да дише) и оставете го на топло место 6-7 дена да ферментира.
Двапати дневно мешајте ја содржината и по потреба отстранувајте ја пената. По 7 дена, смесата процедете ја низ газата и ќе добиете квасец од цвекло. Пијте по 3-4 шолји трипати дневно пред оброкот. Смесата чувајте ја во фрижидер.
Испијте го целото и на тој начин се завршува првиот дел од чистењето на црниот дроб. Направете пауза од 3 месеци и повторете го третманот. Повторно пауза од три месеци и третманот повторете го третпат. По година дена, вашиот црн дроб ќе биде целосно чист!
Во моментите на чистење ќе се отстранат и ситните каменчиња од бубрегот, а инаку оваа смеса од цвекло многу добри ги чисти и црниот дроб и бубрезите.
Овој метод го применуваат лекарите во некои болници во Киев и Лугански затоа што покажал одлични резултати не само за чистењето на црниот дроб туку и на целиот организам и служи како одлично средство за хипертензија и артериосклероза.
Постојат и контраиндикации: Смесата не е препорачлива за лица што имаат болни бубрези, проблеми со гастроинтестиналниот тракт во акутната фаза. Во овој случај задолжителна е консултација со лекар.
Морате да бидете внимателни ако имате низок притисок.