Цвеклото – најдобар немедицински лек за висок крвен притисок

By

Резултатите од некои медицински истражувања покажуваат дека употребата на квасец од цвекло го спречува развојот на малигни тумори, го чисти црниот дроб, го чисти организмот од токсини и други отпади, ги отстранува остеопорозата и другите проблеми со цревата.

Руската традиционална медицина смета дека квасецот од цвекло е најдобар немедицински лек за хипертензија затоа што го нормализира крвниот притисок на подолг временски период, а корисен е и кај артериосклерозата.

За подготовка на лековитиот квасец од цвекло потребни ви се:

  • стаклена тегла од 3 литри (уште подобар глинен лонец доколку имате);
  • 700 грама цвекло (приближно 3 свежи цвекла со средна големина);
  • 2 лажички брашно;
  • 200 грама шеќер;
  • 100 грама грозје.

Подготовка:

„Свежото измиено цвекло исечете го на коцкички или тенки ленти и ставете ги во чист сад. Додајде грозје, 2 лажички брашно и 200 грама шеќер. Теглата наполнете ја со ладна претходно зовриена вода и промешајте. Потоа ставете го пластичниот поклопец или уште подобро замотајте го со двојна газа (за да може квасецот да дише) и оставете го на топло место 6-7 дена да ферментира.

Двапати дневно мешајте ја содржината и по потреба отстранувајте ја пената. По 7 дена, смесата процедете ја низ газата и ќе добиете квасец од цвекло. Пијте по 3-4 шолји трипати дневно пред оброкот. Смесата чувајте ја во фрижидер.

Испијте го целото и на тој начин се завршува првиот дел од чистењето на црниот дроб. Направете пауза од 3 месеци и повторете го третманот. Повторно пауза од три месеци и третманот повторете го третпат. По година дена, вашиот црн дроб ќе биде целосно чист!

Во моментите на чистење ќе се отстранат и ситните каменчиња од бубрегот, а инаку оваа смеса од цвекло многу добри ги чисти и црниот дроб и бубрезите.

Овој метод го применуваат лекарите во некои болници во Киев и Лугански затоа што покажал одлични резултати не само за чистењето на црниот дроб туку и на целиот организам и служи како одлично средство за хипертензија и артериосклероза.

Постојат и контраиндикации: Смесата не е препорачлива за лица што имаат болни бубрези, проблеми со гастроинтестиналниот тракт во акутната фаза. Во овој случај задолжителна е консултација со лекар.

Морате да бидете внимателни ако имате низок притисок.

 

 

 

 

Ќе ви се допадне