Турско кафе за долг живот

Турското кафе е клучот за долг живот, покажуваат последната студија на група лекари од атинска медицинска школа, пренесува Миајшн Дејли. Тие сакале да ја испитаат врската меѓу конзумациајта на кафето и ендотелијалната функција што ги поставува крвните садови.

Резултатите покажале дека умерено конзумирање турско кафе може да ја подобри ендотелијалната состојба и да го намали ризикот од срцеви заболувања. Ова е причината зошто научниците мислат дека жителите на грчкиот остров Икарија живеат толку долго.

„Њујорк Тајмс“ го нарече овој осторв место каде луѓето забораваат да умрат, заради долговечноста на нејзините жители.

Само 0,1 проценти од Европејците живеат подолго од 90 години, додека во Икарија десет пати повеќе луѓе влегуваат во 100-тата деценија. Не само што живеат толку долго, тие се исто така се многу активни и витални во староста.

По направената анекта било откриено дека дури 87 проценти од анкетираните лица на ова место пиеле турско кафе секој ден. Откриено е дека овие луѓе имаат подобра функција на ендотелија отколку оние кои пијат други видови кафе. Дури и кај луѓе со висок притисок, функцијата на ендотелот е подобра.

Научниците тврдат дека турското кафе, кое е богато со антиоксиданти и полифеноли и содржи умерено количество кофеин, има повеќе позитивен ефект врз здравјето отколку другите видови кафе.

Тие мислат дека причината е што турското кафе задржува повеќе здрави состојки заради начинот на готвење. Поточно, зовриената вода може да извлече повеќе добри состојки од кафето, отколку што може да се извлечат со други методи за складирање и подготвување на кафе.

Сепак, научниците предупредуваат дека треба да се направат повеќе истражувања за да се потврди позитивното влијание на пиењето турско кафе врз здравјето на луѓето.

Жителите од Икарија сепак јадат здрави намирници затоа што се ориентирани кон Медитеранот, а тоа е сигурно еден од клучните фактори за нивната долговечност.

Scroll to Top