Туширањето пред спиење е штетно

Голем број луѓе се тушираат пред спиење оти туширањето со топла вода им создава пријатно чувство. Но, ова не е препорачливо ако сакате да имате добар сон. Експертите тврдат дека не треба да се тушираме со топла вода или да се капеме во када најмалку 90 минути пред спиење.

Високата температура го зголемува протокот на крв и го возбудува нашето тело, кое веќе било подготвено за спиење. Ако често имате проблеми со спиењето и ако тешко заспивате – туш со топла вода нема да ви помогне. Напротив, можеби тоа е причината за вашите проблеми.

Во една статија објавена во магазинот „Тајм“ експертите посочуваат дека туширање два часа пред спиење е идеален избор за длабок релаксирачки сон.

Scroll to Top