Ублажете ги симптомите на пролетните алергии

Сезонските алергии им создаваат голем проблем за милиони луѓе ширум светот. Дрвјата, тревата и плевелите се некои од најчестите предизвикувачи на алергии кога сте надвор. Околу 30 отсто од светското население страда од нивните последици. Освен лековите, кои не помагаат кај сите, експертите советуваат што да направите за да ги ублажите овие симптоми.

Туширајте се навечер

Туширањето во вечерните часови може да го направи спиењето многу попријатно за луѓето со алергии. Миењето на полен од кожата и косата ги задржува алергените подалеку од постелнината и перницата.

Не излегувајте наутро

Во утринските часови, меѓу 5 и 10 часот концентрацијата на полен во воздухот е највисока, па лекарите советуваат, ако е можно, да избегнувате излегување во тој период. Најдобро е да се излезе по силен дожд бидејќи го отстранува поленот од воздухот. Луѓето со алергии имаат најмногу проблеми кога е суво, топло и ветровито.

Прочистете го воздухот во собата

Затворете ги вратите и прозорците во домот или прозорците на автомобилот кога има висока концентрација на полен. Вклучете климатизер во автомобилот, а во домот користете прочистувач за воздух и често поминувајте ги просториите со правосмукалка.

Избегнувајте одредена храна

Ова особено се однесува на суровата храна и свежо овошје бидејќи некои луѓе од тоа ги чеша устата.

Облечете се соодветно

Носете голема шапка и очила за сонце за да можете да ги чувате очите од поленот. Некои луѓе, исто така, треба да носат маски ако излегуваат надвор.

Scroll to Top