Утрински будилници што влијаат подобро од кафе

Утринското кафе е нешто кое моментално нè буди, ни дава енергија за почеток на денот и за дневните обврски. Но, постојат и други будилници кои можеби ги забораваме поради преоптовареност и секојдневни обврски, а кои го прават поубав почетокот на секој ден.

Топло какао
Наместо кафе, подгответе си шолја какао. Неодамнешни студии покажуваат дека флавоноидите во какаото влијаат на подобрување на расположението и будењето. Пиењето какао се покажало како одлична алатка во решавањето на математички проблеми, па тоа е една од причините поради кои се препорачува како вистинска намирница за почеток на денот.

Појадок со мусли
Најважниот оброк во денот го снабдува нашето тело со важни хранливи материи, ја поттикнува работата на метаболизмот и ви дава енергија за почеток на работниот ден. Појадокот ќе ве расони, а во него треба да вклучите крцкави намирници како житарки, мусли или бадеми, лешници, семки од тиква, сончоглед и лен.

Свеж воздух
Отворете го прозорецот, излезете на балкон или седнете во градината, макар и само 5 минути. Правилното вдишување и издишување ќе обезбеди доволно кислород во вас, ќе ве разбуди и ќе ве подготви за новиот работен ден. Смирувачките звуци на природата дополнително ќе ве опуштат и релаксираат.

Наутро вежбајте

Вежбањето е природен начин на будење. Дури и наједноставните вежби за истегнување и станување од кревет го зголемуваат крвниот притисок, ја забрзуваат работата на срцето и расонуваат. Максимални резултати би дало утринското трчање.

Чај од нане
Купете нане, масло од нане или пак со шолја чај од нане започнете го денот. Некои студии покажуваат дека мирисот на мента го буди мозокот и го смирува стресот на организмот. За максимално дејство, после појадокот, напијте се шолја чај од нане и џвакајте гума за џвакање со пеперминт.

Scroll to Top