Едно ново истражување покажа дека со помош на едноставни активности луѓето може да спречат инфаркт. Во истражувањата биле вклучени околу 500.000 луѓе на возраст од 40 до 69 години, а резултатите се објавени во магазинот American Heart Association’s Journal – Circulation.
Испитаниците биле следени во период од 6 години. Научниците заклучиле дека со малку повеќе физичка активност, лицата што имаат генетска предиспозиција за инфаркт можат да го намалат ризикот за 49 отсто. Затоа, лекарите препорачуваат брзо одење, возење велосипед и трчање.
Брзо одење: Една студија утврди дека брзото одење во траење од два и пол часа неделно го намалува ризикот од срцев или мозочен удар за дури 30 отсто, иако многу стручњаци препорачуваат брзо одење меѓу 30 и 60 минути неделно за да обезбедите оптимално срцево здравје.
Трчање: Како и кај одењето, треба да се почне со полесно темпо, на пример 5 минути растегнување пред трчање. Студијата на Медицинското училиште на Универзитетот „Стенфорд“ тврди дека редовното трчање не само што му помага на срцето туку и го забавува процесот на стареење.
Возење велосипед: Најголема предост кај ова вежбање е тоа што го одржувате забрзаниот ритам на отчукувања на срцето во подолг временски период. Стручњаците препорачуваат најмалку 20 минути возење велосипед за да може да извлете максимум корист.